Лидерите на англиската Премиер лига денес одржаа видео конференција на која се разговараше за продолжувањето на фудбалската сезона во оваа земја.
Апсолутно сите клубови гласаа за продолжување на сезоната и планот ќе биде доставен до владата на Обединетото Кралство што носи неколку промени.
Клубовите сакаат враќање на групните тренинзи од 18 мај, а планот е да ја продолжат сезоната на 12 јуни и да играат на неутрални терени низ државата.
Јасно е дека нема да има публика. Првенството би продолжило на 12 различни стадиони подалеку од градските области и ниту еден клуб не би можел да игра на свој терен.
Стадионите далеку од урбаните области каде би можеле да се играат натпреварите се „Етихад“, „Емирати“ и Олимпискиот стадион во Лондон.
Следната средба на челниците на англиските клубови е закажана за следниот петок, откако владата на Обединетото Кралство ќе ги открие новите мерки, но сите имаат само една цел – да ја продолжат сезоната.
Премиерлигата исто така се обрати до јавноста и потврди дека клубовите сакаат сезоната да продолжи, но дека се ќе зависи од одлуките на владата на Велика Британија и мерките што ќе бидат преземени по 7-ми мај.
https://twitter.com/skysports_bryan/status/1256238407623327745