На Манчестер Сити му се заканува драстична казна, па дури и исфрлање од Премиер лигата поради тешките прекршувања на правилата за финансискиот фер-плеј во период од осум години. Многу експерти сметаат дека Сити тешко ќе се извлече од ова, како што беше случајот со казната на УЕФА.
Атлетик објави документи од Фудбал Ликс и други извори кои беа еден од основите на истрагата во Премиерлигата, кои докажуваат дека Сити ги „зафрлил“ бројките во финансиските извештаи и се обидел да ги скрие загубите за да го почитува финансискиот фер-плеј.
Еден од клучните докази беше договорот со Роберто Манчини, кој го водеше Сити од 2009 до 2013 година. Италијанскиот стручњак имаше прикажана плата од еден и пол милиони евра по сезона, но беше утврдено дека на друг начин добивал дополнителни два милиони.
Манчини ја отвори компанијата Italian International Services со која имаше договор со клубот Ал Џезира за советодавни услуги. Компанијата на Манчини му издавала квартални фактури на Ал Џазира, која на овој начин му плаќала нешто повеќе од 1,9 милиони евра по сезона.
Тие докази беа искористени и во истрагата на УЕФА, по што Сити беше казнет со двегодишна забрана за играње во Европа и 30 милиони евра, но подоцна Меѓународниот спортски суд (CAS) ја намали казната на само десет милиони евра финансиски казни.
