Усман Дембеле (24) денеска потпиша нов двегодишен договор со Барселона.
По повеќемесечна сага за неговата иднина, Дембеле денеска конечно стави потпис на продолжување на соработката со каталонскиот гигант во чиј дрес ќе го гледаме до 2024 година.
Дембеле и претседателот на клубот Жоан Лапорта изразија големо задоволство од новиот договор и не ја криеја среќата што има продолжување на соработката.
“Се мачев со повреди, но сега се чувствувам дел од тимот и ќе продолжам да го бранам овој грб. Пресреќен сум поради новиот договор. Барселона е мојот клуб од соништата. Ќе дадам се од себе за овој тим”, изјави Дембеле.
All smiles from @dembouz & @JoanLaportaFCB😁 pic.twitter.com/UYrgKkpuCp
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 14, 2022
“Го обожавам Дембеле како играч и личност. Ова е важен ден за клубот. Тој е одличен играч и ретко кој може да се спореди со него. Благодарам на сите што ја овозможија оваа зделка, вклучувајќи го и неговиот агент Сисоко”, изјави Лапорта.