Француската фудбалска репрезентација е првиот фаворит за освојување на Европското првенство и со тоа ја потврди својата доминација по првото место на СП 2018.
Популарната игра Фудбал Менаџер е популарна и кај светските sвезди, особено Антоан Гризман, кој очигледно е за вубен во тренерската и менаџерската работа.
Напаѓачот на Барселона го користи слободното време за време на репрезентативниот собир и подготовките за Европското првенство за да ја игра оваа игра.
ФС Франција на социјалните мрежи објави кратко видео од авионот во кое Гризман им се фали на своите соиграчи дека е успешен со Њукасл Јунајтед.
Гризман гордо се пофали на Усман Дембл дека успеа да освои пет трофеи со „страчките“ вклучувајќи го Премиер лигата и Лигата на шампионите. Неговиот соиграч не беше премногу импресиониран.
После тоа, поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид го вклучи и Килијан Мбапе во разговорот, велејќи му на асот на ПСЖ дека го донесе во Њукасл, за 134 милиони долари.
Antoine Griezmann tells Kylian Mbappé that he bought him for €134m on Football Manager as Newcastle United – Mbappé: “Where? It is not very warm there eh.” pic.twitter.com/5cGzqntfBg
— Get French Football News (@GFFN) June 7, 2021
Мбапе бил шокиран од оваа информација и воопшто не ја сакал дестинацијата: “Каде? Њукасл? Но, таму не е жешко…”, изјави 22-годишникот.
На почетокот на турнирот, триколорите се во групата на смртта заедно со Португалија, Германија и Унгарија. Турнирот ќе биде отворен со средба со Германците.
Патем, кога станува збор за вистинскиот фудбал, тешко дека Мбапе наскоро ќе го напушти ПСЖ. Ова го потврди и Насер Ал Келаифи со јасна порака дека нема што да го продаде.
“Да бидам јасен. Клијан Мбапе ќе продолжи да игра за ПСЖ и ние никогаш нема да го продадеме и тој никогаш нема да го напушти клубот како слободен агент. Тоа е невозможно”, рече Ал Келаифи.
Мбапе пристигна во ПСЖ летото 2017 година од Монако за дури 145 милиони евра и се покажа како големо засилување.
22-годишниот напаѓач во дресот на Париз досега одигра 171 натпревар и има постигнато дури 132 гола и има запишано 61 асистенција.