Холанѓанецот Свен Ботман вчера и официјално стана играч на Њукасл.
Дојде како едно од најскапите засилувања во Њукасл, но тврди: „Јас не сум нешто познато“.
Некои великани се бореа за 22-годишниот стопер, пред се Милан, но тој на крајот се пресели од Лил во Њукасл. Богатиот клуб го плати околу 40 милиони евра и тој е третото најголемо засилување во историјата на култниот англиски клуб.
“Фудбалот е различен во Англија отколку во Франција. Не сум премногу познат, но сепак луѓето ме препознаваа на улица и сакаа да разговараат со мене. Не сум навикнат на сето ова”, изјави фудбалерот кој станува голема ѕвезда, објаснувајќи зошто Њукасл пред Милан.
„Милан е голем клуб, бев возбуден кога слушнав дека ме посакуваат, но мојата желба отсекогаш била да играм во англиската Премиер лига“, рече тој.
Холанѓанецот кариерата ја започна во младиот тим на Ајакс, а за Лил досега одигра 79 натпревари, постигна 3 гола и забележа две асистенции.
Ботман е третото засилување на Њукасл ова лето по голманот Ник Поуп и левиот бек Мет Таргет, но без сомнение најголемото, иако може да се очекуваат уште неколку врвни засилувања на Сент Џејмс Парк до почетокот на август и новата сезона од Премиер лигата.