ФУДБАЛ

Платен е 30 милиони евра и сега се однесува како дете

Младиот италијански напаѓач Моизе Кен летово го напушти Јувентус и потпиша за Евертон.

Евертон плати скоро 30 милиони евра за овој 19-годишник, но Кен допрва треба да се вклопи во новиот тим. Италијанскиот напаѓач досега има одиграно 11 натпревари во сите натпреварувања и не успеа да постигне гол.

Минатата сезона тој одигра неколку одлични натпревари во дресот на Јувентус, но многумина сметаа дека Евертон направил грешка што издвои дури 30 милиони евра за него.

На Кен не му оди многу добро во Евертон, а тоа најдобро го илустрираат информациите што дојдоа од Англија утрово. Имено, Кен беше казнет по втор пат во претходната рунда за закаснување на тренинзите.

Тој патуваше со тимот за Саутемптон, но на крајот остана на трибините и не беше во конкуренција за натпреварот. Овој 19-годишник не е многу професионален, а во Евертон сигурно тоа нема да го толерираат.