Денеска се одигра натпреварите од 7. коло од ПМФЛ. Работнички ја продолжува одличната серија без пораз, победа на данешните натпревари забелажаа Шкупи, Шкендија, Ренова и Брегалница, а во Битола, Пелистер и Академија Пандев одиграа без голови.
Работнички на гостински терен ја совлада Мкедонија ЃП со 0:2. Првото полувреме се играше внимателно и се чекаше грешката на противникот, па резултатот на полувреме остана 0:0.
Стојкоски во 50. минута од натпреварот го отвори резултатот и му донесе водство на Работнички од 0:1.
На самиот крај на натпреварот, односно во 89. минута, Станковски ги постави конечните 0:2 за Работнички.
Брегалница на градскиот стадион во Штип издвојува победа над Тиквеш од 2:0.
Алтипармаковски во 49. минута од натпреварот го отвори резултатот и му донесе водство на домаќинот, a Додев во 69. минута ги постави конечните 2:0 за Брегалница.
Шкендија очекувано славеше на гостувањето кај ФК Скопје со 0:2.
Нафиу во 14. минута од натпреварот му донесе водство на својот тим, додека конечните 0:2 за Шкендија ги постави Кривак во 67. минута од натпреварот.
Во Битола, Академија Пандев не можеше да најде пат до голот на Пелистер. „Пандевци“ одиграа 0:0, а со тоа го предадоа и врвот на табелата на Шкупи која е прва на табелата со ист број на поени но подобра гол разлика „Пандевци“.
Ренова на домашен терен издвојува минимална победа од 1:0 над Струга вредна три бода. Во втората минута од судиското надополнување Селмани од пенал ја затресе мрежата на Струга и ги постави конечните 1:0.
Шкупи беше убедлив против Борец (3:0).
Уште на самиот старт од натпреварот Цветаноски ја затресе мрежата на противникот и му донесе водство на Шкупи од 1:0. Во првата минута од судиското надополнување Адетунји зголеми на 2:0.
Адетунји стави точка на натпреварот со гол во 67, минута од натпреварот за конечни 3:0.
На табелата лидер е Шкупи 14 бодови, а исто толку имаат и Академија Пандев, Ренова и Работнички, на дното остануваат Пелистер и Тиквеш со по два освоени бодови.