Во воведниот натпревар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс попладнево во Кратово го совлада Скопје со 3-1 (1-0).
Со триумфот Силекс се израмни според бројот на бодови (35) со третопласираната Шкендија, додека Скопје остана претпоследен на табелата со 14 бодови, еден повеќе од Победа на последното место.
Прволигашкото 23. коло ќе биде комплетирано в недела кога се среќаваат: Струга ТЛ – Македонија ЃП, Шкупи – Работнички, Шкендија – А. Пандев и Брегалница – Победа.
Слободен е Тиквеш.
Табела: Струга 42 бодови, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 35, Брегалница 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, Академија Пандев 19, Скопје 14, Победа 13.
