Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа натпреварите од 16. коло. Шампионот Струга ТЛ без поголеми проблеми ги освои бодовите на гостувањето против Вардар.
Згуро, Таири и Компаоре погодија за стружани, Милосавиќ беше стрелец на единствениот гол за Вардар.
По овој триумф Струга ТЛ е на само два бода помалку од двете првопласирани екипи, но има и натпревар помалку.
Резултати на денешните средби од 16. коло во ПМФЛ:
АП Брера – Брегалница 1:1
Гостивар – Шкупи 0:0
Македонија ЃП – Силекс 1:0
Шкендија – Работнички 2:0
Вардар – Струга ТЛ 1:3
Воска – Тиквеш 0:3.
Табела: Шкупи 32 бода, Шкендија 32, Струга ТЛ 30, Силекс 23, Тиквеш 22, АП Брера Струмица 20, Гостивар 20, Работнички 20, Македонија ЃП 18, Воска 16, Брегалница 16, Вардар 11.
