ФУДБАЛ

По 11 години потрага: Радоста за титулата на Наполи го чинеше слобода 60-годишниот криминалец

Италијанската полиција го пронашла и уапсила бегалецот Винченцо Ла Порта, по кој се трагаше 11 години, пренесува „Кориере дела сера“.

Ова стана факт, благодарение на фотографијата за време на прославата на титулата на Наполи, на која човекот беше виден меѓу навивачите. Ла Порта беше фатен во кадар облечен во небесно син дрес во еден од рестораните на грчкиот остров Крф.

Се верува дека 60-годишникот, кој е обвинет за финансиска измама, има блиски врски со криминалната банда неаполска Камора. Винченцо е еден од 100-те најбарани криминалци на Ботуша и е осуден на 14 години и 4 месеци затвор.

Неговото апсење се случило по долга потера, извршена заедно со грчката полиција. Криминалецот добил заседа на улица додека се движел со скутер.

Потсетуваме, Наполи ја освои Серија А минатата сезона 2022/23, а тоа се случи по трет пат во историјата на клубот!

ПОВРЗАНО

Серија А