Со цел да ги покријат последиците од кризата, поголемите колективни спортови во Германија ќе добијат 200 милиони евра, кои потоа ќе бидат распределени според нивото на натпреварување и остварените успеси.
„Се надевам дека клубовите ќе ја преживеат новата сезона и покрај тешките услови. Ние даваме сè од себе за да спречиме некој да не банкртира“, изјави Франк Штефен, претставник на германската влада.