Енис Барди одигра одлична сезона во Шпанија во дресот на Леванте. Кога тој е на теренот неговиот тим не губи, а одличните партии не останаа незабележани. Според шпанските медиуми Валенсија е новиот клуб кој се вклучува во трката за македонскиот репрезентативец.
Претходно се спомнуваа Арсенал, Фиорентина, Севиља, Лајпциг и Баер Леверкузен. Сепак шпанска „Марка“ тврди дека клубот кој прв ќе се согласи да исплати 30 милиони евра на Леванте, ќе го добие Енис Барди. Сумата секако е висока, но според прикажаното на теренот и според тоа колку пари за трансфери се даваат во денешницата, Барди вреди секое евро.