Голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт Рандал Коло Муани се повеќе го привлекува вниманието на најголемите европски клубови.
Последен во низата беше актуелниот европски шампион Реал Мадрид, пренесува шпански Мундо Депортиво.
Претходно интерес за 24-годишниот француски репрезентативец покажаа Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.
Коло Муани дојде во Ајнтрахт од Нант во летото 2022. Неговиот договор со германскиот клуб е до 30 јуни 2027 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 65 милиони евра, но од Франкфурт велат дека нема да го пуштат за помалку од 100 милиони.
Во вторникот, Коло Муани ги постигна двата гола во победата над Унион Берлин во четвртфиналето на германскиот ДФБ куп (2:0) .
Оваа сезона одигра 37 натпревари за Ајнтрахт, постигна 19 голови и додаде 14 асистенции. За француската репрезентација одигра седум натпревари и постигна еден гол.
🔴 Kolo Muani, pretendido por el Real Madrid, solo valoraría fichar por el Bayern. Vía 'Sport1'.
💶 El Eintracht pide 100M€ por el delantero. pic.twitter.com/KtaX6wtkyH
— BeSoccer (@besoccer_ES) April 2, 2023
