Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман даде изјава која никому во Јувентус не му падна најдобро.
Нагелсман откри дека новото засилување на Баерн, Матијс де Лигт, кој дојде од Јувентус, му признал дека тренинзите во Германија се неспоредливи со оние во Италија.
„Разговарав со Де Лигт по тренингот и тој ми рече дека тоа му е најтешкиот тренинг во последните три години. Па, тренингот беше напорен, но сепак не премногу. Тоа беше нормална работа во овој дел од сезоната. под водство на нашиот кондициски тренер.” рече Нагелсман.
Де Лигт го напушти Јуве по три години во еден од најголемите трансфери ова лето, а Баерн му плати околу 80 милиони евра.
Леонардо Бонучи го обвини Де Лигт дека нема почит кон соиграчите и клубот, а работата дополнително ја зачини тренерот на Баерн со својата последна изјава.
Неодамна Нагелсман ја повика Барселона, на која неговиот до неодамна најдобар стрелец Роберт Левандовски и беше продаден за 50 милиони евра.
Тогаш Нагелсман се запраша како е можно Барселона, која е во финансиска криза, да донесе толку многу добри играчи ова лето.