ФУДБАЛ

По десетти пат во кариерата: Гвардиола менаџер на месецот во ПЛ

Пеп Гвардиола беше прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата во ноември. Шпанскиот стручњак по 10-ти пат во кариерата го доби ласкавото признание.

Манчестер Сити во ноември ги оствари сите три победи во Премиер лигата – го совлада Јунајтед со 2:0, беше подобар од Евертон со 3:0, додека славеше против Вест Хем со 2:1.

Благодарение на овие резултати Гвардиола ја доби наградата за најдобар менаџер на месецот.

Шпанскиот стручњак по 10-ти пат во кариерата го доби ласкавото признание. Сега е на третото место на вечната листа со Дејвид Мојс. Повеќе награди добија само Алекс Фергусон (27) и Арсен Венгер (15).

Менаџерот на актуелните шампиони е избран за најдобар во ноември по гласовите на навивачите и фудбалските стручњаци, пред Стивен Џерард и Јирген Клоп.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига