ФУДБАЛ

По Јунајтед и ПСЖ – Ерера се враќа во Примера

Играчот од средниот ред на ПСЖ, Андер Ерера наскоро ќе го раскине договорот со францускиот шампион и ќе се пресели во Атлетик Билбао, пренесува Марка.

Шпанскиот репрезентативец ги договорил личните услови за соработка со клубот од Баскија чиј дрес веќе го носеше од 2011 до 2014 година и заминување во Манчестер Јунајтед.

 

33-годишниот Ерера и ПСЖ ги договорија деталите за раскинувањето на договорот, кој беше со важност до 2024 година, така што играчот од средниот ред наскоро ќе стане слободен фудбалер и ќе му се приклучи на Атлетико без отштета.

Ерера, кој дојде во Париз во 2019 година, минатата сезона одигра 28 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола со две асистенции.

 

Тој ќе потпише договор со Баскијците до летото 2024 година.