Фудбалерите на Евертон вчера го победија Лестер со 2:1 на гости и задржаа големи шанси за опстанок на крајот од сезоната.
Евертон успеа да победи на гости со 2:1 во одличен натпревар кој го гледавме на стадионот Кинг Пауер.
Гостите поведоа во шестата минута со одличниот гол на Миколенко, но само пет минути подоцна Дака израмни на 1:1.
Сепак, Евертон дојде до победата во 30. минута. Во центарот на вниманието беше Холгејт, кој по гужва во првата петорка успеа со глава да ја забие топката во мрежата на Лестер за големи три бода на гостите.
Но, играч на натпреварот сигурно беше голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, кој вчера блескаше на голот на тимот.
Иако во последно време беше многу критикуван поради лошите игри и некои смешни потези, Пикфорд беше најдобар кога беше најважно.
Голманот на Евертон вчера имаше две спектакуларни одбрани во вториот дел и позаслужен е што неговиот тим дојде до победа. Овие одбрани на крајот би можеле да решат сè и да го донесат Евертон до опстанок.
https://streamable.com/8z2zob
https://streamable.com/ytvumo
До крајот на сезоната остануваат уште две кола, а Евертон моментално е во сигурната зона на 16. место со 35 бодови. Но, јасно е дека се уште ништо не е готово бидејќи Лидс кој е на позиција која води во понизок ранг има само бод помалку.