ФУДБАЛ

По Мане и Халанд, Салцбург формира уште еден напаѓач: Постигна хет-трик за осум минути

Ред Бул Салцбуг веќе се покажа како жариште на таленти, но и клуб кој ги формира идните светски sвезди и ги воведува лесно во предизвиците на сениорскиот тим.

Садио Мане и Ерлинг Халанд се двете најпознати напаѓачки имиња кои го изградија името во Салцбург, а Патсон Дака може да ги следи нивните стапки.

Тој е 22-годишен напаѓач кој е член на репрезентацијата на Замбија, а на денешното дерби на австриската Бундес лига против Штурм постигна хет-трик за осум минути, во интервал од трета до 11-та минута.

Дака е убедливо најдобар стрелец во Бундеслигата оваа сезона со 23 гола во 23 одиграни кола.

 

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига