ФУДБАЛ

По осум меча во низа без победа, Јувентус му врачи отказ на Игор Тудор!

Игор Тудор не е повеќе тренер на Јувентус. Отказот следуваше по синоќешниот пораз од Лацио со 1:0. Сепак, овој пораз не е главната причина за отказот, туку серијата на лоши резултати. Јувентус во последните осум меча во сите конкуренции нема победа. Има пет нерешени и три порази.

Привремен тренер до конечно решение ќе биде Масимо Брамбила, кој го предводи младинскиот тим на Јуве, а во конкуренција за кормилото се Роберто Манчини, Лучиано Спалети и Рафаеле Паладино.

Игор Тудор го предводеше Јувентус од март 2025-та кога беше назначен на местото на Тијаго Мота.