Се чини дека деновите на хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ во Интер се одбројани. Како што пишува „Калчиомеркато“ тој во јануари ќе направи трансфер, а има две дестинации, Англија или Франција. Наводно за неговите услуги се заинтересирани Тотенхем, но и Монако.
Брозовиќ во Интер пристигна во 2015-та година од Динамо Загреб.