Поради снегот цело коло кое требаше да биде одиграно викендот, беше одложено, па средбите се одиграа денеска. Во дербито на колото Работнички приреди пријатно изненадување и по пауза од пет години успеа да ја совлада Шкендија со 2:1. Марио Станковски со гол во 22. минута донесе водство од 1-0 за Работнички, три минути подоцна Шкендија изедначи со гол на Шала. Но Рушевиќ во 59. постигна за победа на романтичарите од 2-1.
Лидерот Шкупи не освои три бода, одигра само 0-0 на гостувањето кај Ренова, но и покрај тоа ја зголеми предноста над Шкендија која сега го загуби и второто место.
Резултати, ПМФЛ 22.коло
Ренова – Шкупи 0:0
Работнички – Шкендија 2:1
Брегалница – Пелистер 2:1
Струга ТЛ – Македонија ЃП 1:3
Тиквеш – Скопје 3:0
ТАБЕЛА: Шкупи 52, Академија Пандев 42, Шкендија 41, Македонија ЃП 39, Брегалница 33, Ренова 32, Работнички 31, Струга 30, Тиквеш 21, Скопје 21, Борец 13, Пелистер 6