Голема истрага околку финансиски малверзации се води во Каталонија против неколку поранешни челници на Барселона, меѓу нив и поранешниот претседател на клубот Жозеп Бартомеу. Според информациите тој ноќта ја минал во полициска станица, потоа бил изведен пред суд. Пуштен е да се брани од слобода со кауција се до сослушувањето во судот кое се уште не е познато кога ќе се одри.
Барселона како клуб нема да одговара, таа е оштетена странка во случајот и истрагата е насочена кон Жозеп Мариа Бартомеу и неговата десна рака Хауме Масферер.
Двајцата се сомничат дека работеле несовесно и направиле криминал со милионите платени на неколку компании кои требале да го подигнат рејтингот на раководството на социјалните мрежи но и да ги оцрнат противниците.