По ремито помеѓу Рома и Болоња во 35. коло од Серија А и победата на Јувентус над Венеција, Старата дама и дефинитивно се пласираше во Лигата на шампионите.
На три кола до крајот на сезоната во елитниот ранг на италијанскиот фудбал, тимот од Торино е на четвртото место и има недостижни десет бода предност пред римските ривали Рома и Лацио кои имаат по 59 бода.
Поради тоа, тимот на Масимилијано Алегри беше принуден да го откупи Федерико Киеза, кој беше позајмен од Фиорентина, што беше еден од условите предвидени во договорот од 2021 година.
„Виолетовите“ ќе добијат уште 40 милиони евра во следните три години, откако прво во Фиренца изброиле десет милиони евра на позајмица. Во досегашните 61 настап за Јувентус, Киеза постигна 18 голови и додаде 14 асистенции.
Челниците на Јувентус го сметаат Италијанецот за еден од столбовите на кои ќе се гради силен тим кој уште многу години ќе доминира во фудбалот во Серија А. Во нападот тој ќе биде пар со уште еден поранешен играч на Фиорентина, кој пристигна на зима, Душан Влаховиќ.
Да потсетиме, играчот од средниот ред доживеа тешка повреда на лигаментите на почетокот на оваа година и се очекува да се врати на теренот следната сезона.