ФУДБАЛ

По секоја ЛШ играчите на Реал добиваат посебен подарок

По освојувањето на Лигата на шампионите, Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид, на секој играч му подарува подарок кој ќе го чува цел живот.

Поранешниот капитен Марсело, кој во саботата се прости од Реал на најдобар можен начин – со освојување на Лигата на шампионите, откри за што се работи.

Имено, во Реал Мадрид стана традиција, исто како и во НБА, по секоја ЛШ на играчите да им се доделува посебен прстен со бројот на европската титула.

Така сите играчи на Лос Бланкос во саботата навечер го добија прстенот со број 14 од Перез. Марсело им го покажа на медиумите.

„Имам пет такви, но не ги носев сите во ова финале поради почит кон ривалите“, рече Бразилецот.

Покрај Марсел од сегашниот тим на Реал, по пет прстени имаат и Карим Бензема, Лука Модриќ, Касемиро, Герет Бејл, Иско, Карвахал и Начо.

Инаку, само уште двајца играчи со еден клуб пет пати ја освоиле Лигата на шампионите. Тоа се легендите на Милан, Алесандро Костакурта и Паоло Малдини.