Иднината на левиот бек на ПСЖ, Лајвин Курзава, се шпекулира, многу долго време. Најавени се разни трансфери, а на крајот од сето тоа – ништо.
Во зимата се шпекулираше дека Курзава е желен за нов предизвик, може да го напушти ПСЖ, па се шпекулираше дека тој самиот се понудил на Јувентус.
Како и да е, Курзава во тоа време остана во ПСЖ, но се веруваше дека тој ќе го напушти Париз ова лето, откако му истече договорот, а најпрво се спомена Арсенал како негова следна дестинација, а потоа се појави опцијата да замине во Атлетико Мадрид.
На крајот, 27-годишниот Курзава не оди никаде.
4 saisons supplémentaires ✍️#Kurzawa2024 pic.twitter.com/znZzRDNYlG
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 29, 2020
Тој неодамна доби покана од спортскиот директор на ПСЖ, Леонард, кој очигледно успеа да го убеди дека во клубот сè уште му треба и дека сериозно смета на него, бидејќи денес поранешниот фудбалер на Монако ја прошири соработката со ПСЖ.
Курзава потпиша нов договор, кој ќе важи до 2024 година – објави парискиот клуб.
Патем, Курзава собра вкупно 23 настапи за ПСЖ оваа сезона, постигна еден гол и забележа две асистенции.