По натпреварот од Купот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај (1:2), дојде до инцидент помеѓу тренерот на домашната екипа Жозе Мурињо и тренерот на гостите Окан Бурук, а по скандалот Галатасарај на брутален начин на социјалните мрежи го исмејуваше Жозе Мурињо.
По завршувањето на натпреварот, Мурињо му пришол на Бурук и го фатил за нос, поради што Бурук театрално реагирал паѓајќи на земја.
Овој инцидент предизвика бурни реакции во турската јавност и медиумите, а Галатасарај објави неколку објави на социјалните мрежи во кои се исмева Мурињо. На официјалниот Твитер профил на Галатасарај беше објавено анимирано видео со Жозе Мурињо – прво зборуваше на прес-конференција, а потоа сонуваше за играчите на противничкиот тим и на крајот се појави во ментална институција.
Galatasaray delirtir. pic.twitter.com/8EzHuxgq4e
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) April 2, 2025
