ФУДБАЛ

По скандалот на натпреварот со Интер: Јувентус доби тешка казна

Јужната трибина на стадионот на Јувентус  „Јувентус Стадиум“ ќе биде затворена за домашниот натпревар со Наполи на 23 април, бидејќи оттаму почнаа расистичките навреди кон Ромелу Лукаку на натпреварот од Купот на Италија против Интер. Ова го одлучи Дисциплинската комисија. во Италија, објави „Gazzetta dello Sport“ .

Покрај тоа, играчот на „бјанконерите“ Хуан Куадрадо доби казна од 3 натпревари поради инцидентите на крајот од дербито откако го удри голманот на Интер, Самир Хандановиќ.

Самиот Хандановиќ кој го фати Куадрадо за гуша и неговиот соиграч Ромелу Лукаку добија по еден натпревар суспензија поради црвените картони на крајот од натпреварот.

Куадрадо и Хандановиќ се казнети и со по 10.000 евра за нивниот судир, а клубот од Торино ќе плати 4.000 евра за предмети фрлени од нивните навивачи. Шефот на Интер, Бакин е казнет со 20.000 евра поради приближување и повеќекратно навредување на судијата по натпреварот.