Српскиот дефанзивец Бранислав Ивановиќ се врати во Премиер лигата по три сезони минати во руски Зенит. Тој потпиша едногодишен договор со Вест Бромвич Албион, чиј тренер е Славен Билиќ.
-Премиер лигата е најдобрата лига во светот. Морам да поставувам предизвици пред себе и подготвен сум за новиот предизвик. Среќен сум што се вратив во Премиер лигата, изјави Ивановиќ.
Ивановиќ девет години беше член на Челзи, од 2008-ма до 2017-та кога замина во Зенит. Со Челзи освои шампионска титула два пати, Лига на шампиони, Лига Европа и ФА Куп три пати.