ФУДБАЛ

По три месеци Барса за прв пат е комплетирана

Усман Дембеле конечно се најде во игра за еден натпревар на Барселона.

Чави Ернандез денеска потврди дека Французинот се опорави од повредата на препоните и се врати во составот.

Повредата ја заработи на натпреварот против Жирона на крајот на јануари, а потоа требаше да отсуствува еден месец. Сепак, работите се искомплицираа, Дембеле беше тешко повреден и мораше да оди на многу подолга рехабилитација.

Покрај него, во тимот по повреда по три недели се врати и Андреас Кристенсен, па Барселона сега е комплетирана за прв пат од јануари.

Последен пат Чави можеше да смета на својот најсилен тим во шпанскиот Суперкуп во јануари, оттогаш следеше серија повреди – Дембеле, Педри, Де Јонг, Кристенсен.

Практично сега недостасува само Серхи Роберто кој ја имаше улогата на резерва.

Барса го пречекува Бетис во сабота од 21:00 часот.