Фудбалерите на Црвена звезда синоќа на Маракана беа декласирани од Барселона со 5:2 во натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите, а денеска администраторите социјлните мрежи на белградскиот клуб се обидоа да бидат духовити на социјалните мрежи.
Hi @realmadrid, we may have lost, but we scored two goals. 👋
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/QXG3xEizAS
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) November 7, 2024
На официјалниот Твитер профил на Звезда се појави интересна објава во која црвено-белиот тим го исмева Реал Мадрид кој неодамна загуби со 4:0 од Барселона во Ел Класико.
„Здраво Реал Мадрид. Можеби загубивме, но постигнавме два гола“, стои во објавата на Звезда, а во прилог е видеото од култната сцена од филмот „Маратонците го трчаат впочесниот круг“ .
