Како што пишува шпанскиот весни „АС“ раководството на шпанскиот првак одлучи, по вондредната состојба да се врати на тренинзите, односно на 27 април.
Во моментот во Шпанија е прогласена вонредна состојба до 13 април. Шампионатот во Ла Лига е запрен на неодредено време.
Претходно, тамошните медиуми објавија дека во каталонскиот клуб е откриен првиот случај на коронавирус. Главниот скаут на Барселона, Андре Кири и неговата сопруга се разболеа во Јужна Америка.