За Ливерпул не се пишуваше многу за претстојниот летен преоден рок, но се чини дека Јирген Клоп ни подготвува големо изненадување.
Во некои островски медиуми протекоа информации дека Клоп повторно би можел да пазарува во Салцбург, а мета е 19-годишниот хрватски фудбалер Лука Сучиќ.
Споменатиот фудбалер е еден од најталентираните играчи во светот, а со 19 години веќе има вредност од 13,5 милиони евра, дебитираше и за сениорската репрезентација на Хрватска.
Сучиќ може да покрие повеќе позиции во средината на теренот, што секако би одговарало на филозофијата на Јирген Клоп.
Друг играч кој се споменува како можен дебитант на „Енфилд“ е Калвин Филипс од Лидс, а со Сучиќ и Филипс средниот ред на Ливерпул би изгледал тотално поинаку, бидејќи се планира и заминување на некои играчи.
Додека во случајот со Филипс, во игра е и Манчестер Јунајтед, Сучиќ веќе би бил отворена опција за црвените. Тој има договор со Салцбург во 2025 година, австрискиот тим сигурно ќе бара добра сума, но Клоп знае како да го „омекне“ Салцбург, но и воопшто клубовите на Ред Бул.