Спортинг би можел да го именува стадионот „Кристијано Роналдо“ по неговото пензионирање од фудбалот. Sвездата на Јувентус започна од академијата на Спортинг и тука ги направи своите први чекори кон врвот на светот. За Спортинг играше во сезоната 2002-03, а потоа го купи Манчестер Јунајтед.
“Постои теорија која може да го промени името на стадионот и да се вика Роналдо. Ние би биле горди. Кристијано е и секогаш бил еден од најголемите симболи во историјата на нашиот клуб. Кристијано е најдобриот португалски играч од сите. Ние неговите фотографии ги имаме на секаде на ѕидовите на Академијата за да му помогнеме на помладата генерација да остане фокусирана, да работи страсно и да расте со дисциплина“.