Триумф на Победа во денешниот натпревар против Вардар во рамките од 11. коло од ПМФЛ. На игралиштето во Могила, прилепчани успеаја со голот на Илиески да ги однесат трите бода, и да му го нанесат вториот пораз на „црвено-црните“ во овој шампионат, со тоа му ја прекина успешната победничка серија во Првата лига.
ПОБЕДА – ВАРДАР 1:0 (0:0)
Игралиште на Могила, во Прилеп. Гледачи: 1.000.
Судија: Дејан Јакимовски.
Стрелци: Илиески 78’
Ж. Картони: Талески, Карчески, Наумоски (П) – Итало (В).
ПОБЕДА: Талески, Шаркоски, Илиески, Хумбатов (65’ Крстески), Трајкоски, Најдовски, Мустафов, Карчески, Наумоски, Трајкоски (72’ Мирчески), Станиќ, Цветаноски (78’ Маневски).
ВАРДАР: Гачевски, Тодороски, Грнчаров, Новак, Попов (79’ Стојков), Николов, Марковиќ (46’ Итало), Фелипе, Џигаури (66’ Барсегјан), Блажевски, Максимов.