ФУДБАЛ

Победа на Јувентус и нов рекорд на Роналдо кој ретко кој ќе го надмине

Кристијано Роналдо вечерва постигна нов гол во дресот на Јувентус.

Јувентус продолжува да се бори за групната фаза во Лигата на шампионите и нема право да се сопнува на гостувањето кај Сасуоло.

Буфон го одбрани пеналот на Берарди во 16-та минута, а потоа Рабиот во 28-та минута погоди за 1:0, а Роналдо погоди за 2:0 на асистенција на Рабиот во 45-та минута.

Тој гол на Португалецот беше 100-ти во дресот на Јувентус и тој стана првиот играч кој постигнал 100 или повеќе клупски голови во три различни земји.

Претходно тоа го стори во Шпанија во дресот на Реал Мадрид и во Англија како играч на Манчестер Јунајтед.

Во второто полувреме Сасуоло во 59. минута со голо на Распадори, а конечниот резултат го постави Дибала во 66. минута.