ФУДБАЛ

Победата на Лидс го отежна животот на Фулам

Лидс Јунајтед го совлада Фулам со 2:1 во 29-то коло од Премиершип како гостин во Лондон на Крејвен Котиџ.

Овие два тима имаа одличен натпревар. Имаше многу можности, голманите беа одлични, но на крајот беа постигнати три гола.

Лидс прв поведе. Во 29-та минута одличниот Патрик Бамфорд погоди за 0:1 .

Радоста на гостите траеше кратко. Андерсен израмни само девет минути подоцна на 1:1 и со овој резултат замина на одмор.

Лидс поведе повторно во 58-та минута. Овој пат асистираше Бамфорд, а Рафиња погоди за 1:2.

До крајот, видовме многу шанси на двете страни. Сепак, остана 1:2 и Лидс стигна до три бода.

Фулам е на 18-то место со 26 бода, додека Лидс е 11-ти со 39 бода.