ФУДБАЛ

Побуна во Минхен против Коваќ

Баерн Минхен се наоѓа во резултатска криза, а на крајот поради тоа може да плати хрватскиот тренер Нико Коваќ.

Најголемиот германски клуб минатата ноќ во Лигата на шампионите одигра 1:1 со Ајакс, а тимот веќе има три натпревари без победа.

Сепак, со пишувањето на Билд против Коваќ, започна побуна меѓу фудбалерите. Матс Хамелс, Хамес Родригез и Хави Мартинез јасно го изразија своето незадоволство од честите ротации во тимот и сакаат на друг начин да го води тимот.

Хумелс, наводно, се налути бидејќи Коваќ го критикуваше по ремито со Аугсбург во шампионатот и е повреден од фактот дека хрватскиот тренер смета дека е слаба алка во одбраната на неговиот тим.

Хамес Родригез исто така е лут. На последната вечер буквално пред сите замина од стадионот, а според Билд, причината е, бидејќи “старците” Рибери и Робен, се преплатени на место во првиот тим.

Ковач сега е пред голем предизвик да ги смири незадоволните фудбалери. Сигурно е дека таквите работи не се во корист на хрватскиот тренер.