По изјавата на Маурисио Покетино дека Шпанија може да биде една од неговите идни дестинации, челниците на Атлетико Мадрид почнаа да се интересираат за поранешниот тренер на Тотенхем, кој во моментов е без ангажман. Според „Дејли меил“, Почетино би можел да седне на клупата на Атлетико следната сезона, заменувајќи го Диего Симеоне.
Симеоне го предводи тимот на Мадрид веќе 8 сезони, остварувајќи голем успех во Ла Лига и во Европа. Сепак, оваа сезона, екипата на Атлетико игра слабо и во моментов е на шестото место на табелата. Лидери на клубот бараат замена за Симеоне, а Почетино е првиот на списокот за нов тренер на тимот.