ФУДБАЛ

Почетино добива специјална покана

„Спарси“, кои стигнаа до финалето во Лигата на шампионите минатата сезона, имаат само 11 поени во првите осум кола од Премиер лигата оваа сезона.

Сегашната ситуација ја доведе во прашање позицијата на тренерот Маурисио Почетино.

Почетино сепак добива поддршка од неговите играчи.

Како што пишува „The Sun“, фудбалерите на Тотенхем го поканија Аргентинецот на вечера за да ја покажат својата поддршка.

„Кога ќе добиете порака од играчи кои ве покануваат на вечера со техничкиот персонал, тоа може да значи две работи: тие или сакаат да се збогуваат, или сакаат да ви кажат дека се со вас“.

„И верувам дека го сторија тоа од втората причина. Ако сакаа да ми кажат збогум, ќе го сторија тоа тука, не на вечера“, рече Почетино.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига