Маурицио Почетино го обнови договорот со Тотенхем. Аргентинскиот стручњак ќе остане во лондонскиот клуб барем до летото 2023 година.
Почетино ги презеде „петлите“ во 2014 година и во текот на последните три шампионати го изведе тимот до место во топ 3 на Премиер лигата, но недостатокот на трофеи и особено елиминацијата од Манчестер Јунајтед во полифиналето за Купот на Англија предизвикаа сериозен бран шпекулации дека Почетино може и да замине ова лето.
Самиот менаџер призна дека сака да одржи сериозен разговор за иднината и развојот на клубот со претседателот Даниел Леви, што доведе и до новиот договор.
– Ова е едно од највозбудливите места за работа во фудбалот, изјави 46-годишниот Почетино.
Во следната сезона Тотенхем ќе се пресели на нов модерен и поголем стадион, кој е изграден на местото на „Вајт Харт Лејн“.
Поранешниот аргентински репрезентативец работеше во Саутемптон и Еспањол пред да премине во клубот од северен Лондон.