Се очекува Серхио Агуеро да го напушти Манчестер Сити на крајот на оваа сезона.
Аргентинскиот напаѓач повеќе не е дел од плановите на тренерот Пеп Гвардиола и се чини дека неговото заминување е неизбежно.
И, новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино размислува за трансфер на ветеранот во Париз.
Веста ја објави фудбалскиот менаџер, Бруно Сатин. Тој за „Канал +“ изјави дека аргентинскиот тренер го сака својот сонародник во Париз за да го заврши страшниот напад со Нејмар и Килијан Мбапен.
Агуеро е еден од најопасните напаѓачи во европскиот фудбал во последната деценија.