ФУДБАЛ

Почетино наскоро пристигнува во Италија и презема еден од двата гиганти?

Аргентинскиот стратег, Маурисио Почетино би можел да се врати на работа ова лето.

Потсетуваме, тој е без работа од крајот на минатата година, кога беше заменет со Жозе Мурињо како тренер на Тотенхем.

Почетино оттогаш беше предмет на многу шпекулации, а најновите ги објави „Телеграф“. Овој британски весник наведува дека може да седне на клупата на Јувентус или Интер пред почетокот на новата сезона.

Потсетуваме, Маурицио Сари е пред отказ бидејќи Јуве во последно време игра очаен фудбал. Од друга страна, Интер не е задоволен од Конте бидејќи тој јавно ја критикуваше лошата политика на трансфери во клубот.

Покрај овие екипи, Почетино претходно се поврзуваше со Реал Мадрид и ПСЖ, но во моментов е мала е веројатноста да преземе еден од двата клуба.

Може да се случи повторно да се поврзе со Барселона, каде најверојатно ќе биде празно место пред завршницата на Лигата на шампионите, со оглед дека Кике Сетиен забележа серијата катастрофални резултати.