Маурисио Почетино минатата недела стана нов тренер на ПСЖ.
Аргентинскиот стручњак го наследи Томас Тухел на клупата на францускиот шампион и потпиша договор до летото 2022 година.
Интересно, на почетокот на 2020 година, Почетино имаше понуда од Барселона. Истакнатиот новинар Гилем Балагу тврди дека раководството на Барселона му понудило работа откако Ернесто Валверде беше отпуштен, но Почетино одби.
Причината лежи во фактот дека Почетино некогаш го носеше дресот на големиот ривал Еспањол, и дека тренерската кариера ја започна во овој тим.
Тој очигледно не сакаше да го сметаат за предавник. Тој реши да го одбие каталонскиот великан и чекаше скоро една година за ново работно место.
Да потсетиме, Почетино го прекина петгодишното партнерство со Тотенхем на крајот на 2019 година, каде го наследи Жозе Мурињо.