ФУДБАЛ

Почетино: Никогаш нема да ја водам Барселона

Тотенхем и Барселона ќе се сретнат во Лигата на шампионите, но пред овој натпревар тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино изјави дека никогаш не би бил тренер на Каталонците.

“За мене соочувањето со Барса е мотив затоа што доста години живеев во Барселона, како и навивач сум на Еспањол. Јасно е дека јас никогаш нема да ја преземам Барселона. Патишта меѓу мени и Барса ни се различни. Не е можно да ја водам Барса ни еден ден”, рече Почетино, но тој додаде:

“Ние сме мотивирани, победата е секогаш добра а ако ја добиете Барселона тогаш знаете дека сте направиле одлична работа”.

Капетанот на Барса, Лионел Меси, кој се смета за најдобар, исто така, го пофали.

“За мене, тој е уште број еден и ќе биде најдобар додека не се повлече”.