ФУДБАЛ

Почетино: Никој не ми понуди да бидам тренер на Барселона, сонувам да го водам Реал

Аргентинскиот стручњак Маурисио Почетино се поврзува со голем број клубови од разделбата со Тотенхем.

Одличниот аргентински стручњак се поврзуваше и со Барселона, дури шпанските медиуми објавија дека разговарал со првиот човек на клубот, но Почетино негираше.

„Не ми понудија да ја тренирам Барселона и немав состаноци со претседателот Бартомеум“, рече аргентинскиот стручњак.

Почетино истакна дека неговиот сон е еден ден да го води Реал Мадрид од клупата.

“Не знам дали некогаш ќе бидам тренер на Реал, но тоа е мојот сон. Ако не е најдобар, тогаш е еден од најдобрите клубови во светот. Секако, не исклучувам други опции, но Реал е на списокот од соништа на сите тренери”, заклучи поранешниот тренер на Тотенхем.