Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино, зборуваше за евентуално враќање во Премиер лигата.
Брилијантниот аргентински стручњак беше отпуштен од Тотенхем во ноември, откако седеше на клупата пет години и го замени Жозе Мурињо.
Почетино, кој во моментов е без работа, не ја отфрла можноста за враќање во Англија и Премиерлигата.
Запрашан за евентуално враќање, тој рече:
„Секако, ја сакам Премиер лигата, англиските навивачи. Мислам дека е една од најдобрите лиги во светот и сметам дека е возбудливо за секој менаџер да биде во Премиер лигата”.
„Но, ќе видиме, не постои само Премиер лига. Постојат и други лиги во светот, други клубови“.
Почетино го одведе Тотенхем во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона, каде беше поразен од Ливерпул со 2:0. И покрај тоа што Спарсите под негово водство станаа една од најсилните англиски тимови, тие не успеаја да освојат ниту еден трофеј.