ФУДБАЛ

Почетино сака да го напушти Тотенхем

Маурисио Почетино бара начин за излез од Тотенхем, но клубот не планира да го отпушти, тврди британскиот дневен весник ДејлиМејл.

Притисокот врз Почетино се зголеми оваа сезона по лошите резултати, кои кулминираа со поразот од 7-2 од Баерн Минхен во вторникот во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Тотенхем сметаат дека Аргентинецот е дистанциран од составот оваа сезона и не се задоволни што играчи како Јан Вертонхен, Кристијан Ериксен и Деле Али се оставени на клупата.

Но, лошата форма на Почетино не го намали интересот на Манчестер Јунајтед. Црвените ѓаволи се подготвени да платат 32 милиони фунти за да го ослободат Аргентинецот од неговиот договор со Тотенхем.

Од друга страна, англискиот весник „Мирор“ известува дека шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе ја има првата опција на Тотенхем, доколку се решат да го заменат Зинедин Зидан оваа сезона.

Почетино потпиша петгодишен договор во 2018 година.