Атлетико Мадрид ја објави тажната вест која ги потресе сите во мадридскиот клуб, како и цела Шпанија.
Почина младинецот на Атлетико Мадрид, Кристан Минхола. Мадридскиот клуб објави дека момчето, родено на 19 февруари 2006 година, денес ја загуби битката за живот.
Атлетико не откри детали за раната смрт на младиот Кристијан, кој е член на академијата на „Јорганџиите“ од 2013 година и во меѓувреме помина неколку младински селекции во Атлетико.
„Ние сме шокирани од тажните вести и жалиме за загубата на нашиот член. Атлетико Мадрид ќе го поддржува семејството на Кристан и неговите пријатели во овие болни моменти“, рече претседателот на клубот, Енрике Черезо.
Атлетико, по смртта на нивниот член, ги спушти сите знамиња на половина, како почит кон сите спортисти кои починаа во последните неколку недели.