Англискиот фудбалер Питер Витингем почина денес на 35-годишна возраст.
Поранешниот играч од средниот ред на Кардиф, Астон Вила и Блекбурн имаше несреќа во барот пред неколку дена каде претрпе тешки повреди на главата за време на падот.
За жал, немаше спас. Лекарите се бореле за неговиот живот во претходните денови, но не успеале да го спасат.
Витингем ја започна својата кариера во Астон Вила, но се стекна со слава играјќи за Кардиф од 2007-2017 година.
Тој има одиграно повеќе од 400 натпревари за велшкиот тим и во 2009 година беше најдобар стрелец на шампионатот.