ФУДБАЛ

Почина член од семејството на играч од Реал Мадрид: Се ​​справуваме со тоа како што знаеме и можеме

Пандемијата на коронавирус ја опустошува Европа и има сè повеќе смртни случаи секој ден.

Претежно умираат постари лица кои претходно имале сериозни здравствени проблеми, а меѓу починатите во Шпанија е член на семејството на фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Фернандез.

Информацијата за починатиот постар член на семејството, ја потврди и неговиот брат Алекс, кој настапува за Кадиз.

„Поминувам низ ова како и сите други. Чудно е, но ние гледаме да поминеме низ сè со семејствата и се справуваме со тоа како знаеме и можеме. Еден член на нашето семејство почина. Тој беше малку постар и смртта навистина нè погоди“, рече Алекс

Во Шпанија се регистрирани повеќе од 20,000 случаи на коронавирус, а повеќе од илјада починале.